Кумановец доби автомобил на наградна игра
24.08.2010 14:28
| KumanovoNews
Ѓокица Стефановски (25) од Куманово е добитникот на автомобилот „киа пиканто“ во наградната игра на трговскиот центар „Сума“. Наградната игра траела два месеци, а во неа учествувале сите граѓани кои купувале во продавниците на комплексот.
Често пазарев во „Сума“, но талончето со кое купив клима уред од продавницата на „Нептун“ вредна над 18000 денари ми донесе среќа. Презадоволен сум и се ми изгледа неверојатно, но многу ми е драго што „киа пикантото“ е веќе мое - вели среќниот добитник.
Во тек е преносот на возилото и Стефановски е во исчекување на табличките, по што ќе го вози новиот автомобил.