Кумановец шверцувал мигранти
05.10.2012 12:17
| KumanovoNews
На автопатот Гевгелија - Скопје фатен e кумановец како превезува мигранти.
М.П.(27) од Куманово кај клучката за Неготино го запрела полицијата и во неговиот автомобил “пежо“ се пронашла пет мигранти. Се работи за тројца Авганистанци и двајца Пакистанци. Тие преку Грција влегле во Македонија со намера да заминат во западноевропските земји.
Лицата се приведени и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против М.П.