Мени

„Кумановка“ ќе спроведе петиција за соживот

30.03.2015 15:31 | KumanovoNews

Организацијата на жени „Кумановка“ ќе организира потпишување на петиција за мир и соживот во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

„Кумановка“ ќе спроведе петиција за соживот

Откако ќе биде потпишана петицијата ќе биде доставена до Собранието на Република Македонија. Оваа активност е дел од проект кој организацијата го реализира за градење на доверба и соживот меѓу заедниците.

Ќе бидат поставени штандови во сите три општини каде граѓаните ќе можат да се потпишуваат. Продолжуваме со имплементација напроектот “Заедно – во градење на доверба и помирување во заедницата“. Целта на проектот е градење на доверба помеѓу граѓаните од сите етнички заедници во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане и активно вклучување на институциите во решавањето на етничките конфликти - вели Виолета Петровска, претседателка на организацијата.

Проектот е поддржан од Екуменска иницијатива на жени од Хрватска.