Мени

Кумановка најдобра учителка во државата

08.10.2012 12:10 | KumanovoNews

Џулијана Илиевска, учителка во ОУ “Вук Краџиќ“ е прогласена за најдoбар одделенски наставник во Македонија за изминатата година.

Кумановка најдобра учителка во државата

Признанието и го врачија од Сојузот на просветни работници на Македонија по повод 5 октомври Денот на учителите.

 Имаше голема конкуренција од цела Македонија. Ова е една голема гордост, да се добие ваква диплома од свои колеги, но и обврска понатаму да се работи на ист начин, со ентузијазам во професијата. Ова признание многу ми значи, бидејќи до февруари ќе направам 30 години стаж. Моите почетоци, првите чекори во професијата ги направив во училиштето во Агино Село каде работев 13 години, а цели 16 години сум во ОУ “Вук Караџиќ“ - објаснува Илиевска.

Светскиот ден на учителот, 5 октомври се одбележува во близу 200 земји во светот, а оваа година со прграмата на УНЕСКО насловена е како “Образование за сите“.