Мени

Куманово ќе добие Локален младински совет

23.07.2012 12:45 | KumanovoNews

До 30 јули е отворен конкурсот на кој ќе се пријават млади луѓе за составување на Локален младински совет кој ќе креира младински политики и ќе ги застапува интересите на младата популација.

Куманово ќе добие Локален младински совет

Дел од овој совет можат да бидат средношколци, студенти, членови на подмладок на политички партии, членови на невладини организации. Ова тело треба да биде раководено од 2/3 млад кадар. Во Локалниот младински совет  се очекува да се активираат млади од 16 до 30 години.

За невладините услов е да постојат најмалку една година и да имаат организирано три настани со кои опфатиле 100 млади луѓе. Подмалдоците мора да бидат од партии кои се застапени во Советот на општина Куманово, и да бројат над 50 члена. Седумте училишни заедници можат да предложат свој кандидат за овој совет.