Мени

Куманово домаќин на државен натпревар по прва помош

18.09.2014 07:39 | KumanovoNews

Во сабота во Куманово ќе се одржи 23 - от државен натпревар по прва помош на кој ќе учествуваат 26 екипи.

Куманово домаќин на државен натпревар по прва помош

Тие ќе се натпреваруваат на тема “Прва помош во секојдневни несреќи и катастрофи“. Натпреварот во 10.30 часот свечено ќе биде отворен на кеј кај Спортската сала.

Ќе има и една ревијална екипа од Црвениот крст на градот Ниш, Република Србија. Натпреварот ќе се одвива во две траектории, на секоја ќе настапат по 13 екипи, ќе се работи на 7 работни места од кои 4 работни места ќе бидат од првата помош на кои ќе бидат опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места ќе бидат со забавно рекреативен карактер и на едно работно место ќе има тематика за познавање од областа на дисиминација - велат од Црвен Крст.

Прогласувањето на победниците ќе биде по 18 часот.