Мени

„Куманово-гас„ од јануари ќе остане без гас?

27.12.2011 14:01 | KumanovoNews

Јавното претпријатие „Куманово-гас„ и другите потрошувачи на гас во земјава од 1 јануари наредната година ќе останат без природен гас, бидејќи „Макпетрол Промгас„ не е задоволен од цената што ја наплаќа за услугата за дистрибуција на гас, што им ја одредила Регулаторната комисија за енергетика.

„Куманово-гас„ од јануари ќе остане без гас?

Мината недела испратено е писмо до сите потрошувачи во кое ги известува дека при такви околности предизвикани од политиката на определување на цената на природен гас на тарифните потрошувачи, која ја спроведува Регулаторната комисија за енергетика, не може да ја прифати, бидејќи создава загуби во своето работење. Затоа најавува дека од први први 2012 година ќе ја прекине испораката на гас и ќе даде налог сите да бидат исклучени од системот за пренос.

Ние сме мали потрошувачи, но запирањето на испораката на гас ќе биде проблем за големите потрошувачи и гиганти како што се „Мак-стил„, „Топлификација„, ФЗЦ „11 Октомври„ и другите. Макпетрол и Регулаторната комисија морат да се договорат за да не дојде до катастрофални последици од прекинот на испораката на гас во целата држава. Од регулатотрната комисија најавија дека ќе преземат мерки преку Владата за да не дојде до прекин на испораката. Ако сепак дојде до тоа, ние имаме и алтернативни решение во котларниците,пред се на нафта, бидејќи засега гасот го користиме само за затоплување на институциите во градот-вели Момчило Мирчевски, директор на „Куманово-гас„.

Услугата за дистрибуција на гас, која е вметната во цената на природниот гас изнесувала 0,1 денар за метар кубен, додека порано била 0,3 денари за метар кубен. „Макпетрол„ во моментот е единствен диструбитер на гас од Русија.