Мени

Куманово го славеше Бадник

06.01.2010 16:21 | KumanovoNews

Со оро и песна денеска на плоштадот пред Центарот за култура, коледарите го прославија Бадник. Според православните обичаи на големиот број граѓани им беше поделена топла ракија и овошје.

Куманово го славеше Бадник

 Новиот кум Марјан Димитриевски го презеде кумството од Ирецот Марк Марфи - Антони во црквата Свети Никола, a беа осветени и пресечени бадниковите колачи и гранчиња.

Се чувствувам прекрасно и би посакал секој граѓанин еден ден да биде кум на вака голем празник. Јас откако паметам за себе, во моето семејство се почитувале сите православни празници. И денеска моето семејство и во мојата фирма ги празнуваме сите празници. Тие моменти не зближуваат и оплеменуваат. Им посакувам на сите граѓани многу среќа. Xристос се роди! - рече кумот.

Традиционално прославата на Здруженито „Коледари“ започна од пред црквата Свети Никола, а продолжи низ градските улици, каде кумот се прошета со пајтон.

На прославата присуствуваа и градоначалниците Зоран Дамјановски и Миодраг Јовановиќ.

„Ова е традиција на кумановци. Eден убав обичај да се собереме на градскиот плоштад по десети пат. На граѓаните им посакувам многу здравје, среќа и просперитет“ - рече градоначалникот Дамјановски.

Бадникови славја со кумови се одржаа и во неселбите Карпош. Добрешане, селото Лопате, каде присуствуваа голем број граѓани.