Куманово го слави Денот на ослободувањето
Општината Куманово, денеска го слави 11 Ноември, Денот на ослободување на градот.
По тој повод на Спомен костурницата на паднатите борци, венци и свежо цвеќе положија делегации и претставници од локалната самоуправа, пратеници, борци, гости од збратимените градови, политички партии, невладини организации, јавни претпријатија и граѓани. На присутните им се обрати градоначалникот Зоран Дамјновски, кој им го честиташе празникот на граѓаните и посака Куманово што поскоро да стане европски град.
- На денешен ден пред 68 година започна еден нов период на изградба и афирмација и целокупен развој во државата и општината Куманово.Локалната самоуправа Куманово во рамките на своите надлежности вложува максимални усилби да подигне напредокот во општината, особено во комуналната сфера и во општествените дејности.Бележиме крупни резултати особено во периодот на децентрализацијата. Ако патриотскиот долг на револуционерните генерации во Куманово беше да ја извојуваме слободата, наш сегашен долг е да го обезбедиме развојот и напредокот на градот. Да обезбедиме совремеи и демократски услови за живот за сите наши граѓани- порача Дамјановски.
По повод празникот,ученици изведоа кратка културна програма.