Куманово и Кампина соработуваат на европски проекти
Градоначалникот на Кампина Хорија Лаурентију Тисеану, денеска ги прими претставниците на општина Куманово, кои како дел од проектот „Активно учество на граѓаните во ЕУ„, престојуваат во Романија.
Посакувајќи им топло добредојде во неговиот град, домаќинот го истакна значењето на соработката на двата збратимени градови за развој на европските вредности.
Ова е прв проект помеѓу Кампина и Куманово од европските фондови. Работиме и на други проекти и се надевам дека во иднина ќе има многу, пред се економски проекти за доброто на двата града.Ние со Куманово имаме многу заеднички работи кои не врзуваат. Ние сме братски народ со сличен е менталитетни начин на живот. Затоа и постојат добри врски помеѓу нашите градови, истакна градоначалникот.
Во проектот покрај Куманово и Кампина, вклучени се и градови од Полска и Латвиа. Во проектот го реализира општината Куманово, вклучени се советници, претставници на невладини организации и здруженија кои од вчера се во посета на Кампина.
Овој проект е од голема важност, околу 200 учесници ќе бидат вклучени во размена на искуства од своите држави, ќе зборуваат за културолошките вредности, традицијата, менталитетот на луѓето. Затоа и значењето на проектот е поголемо со самото тоа што учествуваат претставници од различни земји, – истакна Тисеану.
Кампина е град кој постои 3000 години, а првите запис се од пред 500 години. Се наоѓа во централна Романијана околу 80 километри од Букурешт и има околу 30 000 жители. Изобилува со многу културни знаменитости и музеи.