Мени

Куманово има 113.922 здравствени осигуреници

24.09.2014 13:32 | KumanovoNews

Во Куманово во јули годинава се регистрирани вкупно 113.922 осигуреници во подрачниот Фонд за здравствено осигурување.

Куманово има 113.922 здравствени осигуреници

Според податоците на ФЗОМ најголем дел од нив се на возраст од 35 до 65 години и тоа 46.642 граѓани. До 6 години се 9.393, а од 7 до 18 години има 18.834 осигурани граѓани. Во возрасната група од 19 до 34 години се 23.811 осигуреници. Над 65 години старост има 15.242 граѓани кои имаат здравствено осигурување.

Куманово заедно со Скопје и Тетово се вбројува во градовите со најголем број осигуреници во државата.