Мени

Куманово има 3923 корисници на социјална помош

19.10.2012 13:17 | KumanovoNews

 По бројот на корисници на социјална помош, Куманово е на врвот, меѓу петте општини со најмногу социјалци на ниво на држава.

Куманово има 3923 корисници на социјална помош

Во август лани во Куманово имало 5043 граѓани кои земале социјално, а истиот период годинава таа бројка е намалена на 3923 корисници.

 Елетронски се води евиденција, има нов софтвер во кој се поврзани УЈП, ПИОМ, АВРМ, и други институции. Процедурата за поднесување документи е поедноставена, со тоа што аплицираат граѓаните со лична карта и пополнето барање. Откако ќе поднесат документи граѓаните, се врши увид на терен, да се видат условите каде тие живеат. Основниот износ за социјална парична помош е 2140 денари - вели Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи Куманово.

Износот на социјалната помош се зголемува зависно од бројот на членови. Најчесто корисници на социјално се семејства со деца, додека самците се многу поретки.