Мени

Куманово со негативен природен прираст во првото тромесечје

21.05.2015 13:34 | KumanovoNews

Во првото тромесечје од 2015 година, Куманово има негативен природен прираст на населението.

Куманово со негативен природен прираст во првото тромесечје

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика според кои во првите три месеци се родиле 274 бебиња, а починале 331 човек. Во истиот период во општина Липково се родиле 74 деца, а починале 35 луѓе. Во општина Старо Нагоричане во првите три месеци од годинава имало 8 новороденчиња, и 28 починати.

На ниво на држава споредено со првото тромесечје лани, бројот на родени деца е намален за 0.9 отсто, а бројот на починати е зголемен за 11.9 отсто.