Мени

Куманово второ по потрошувачка на антибиотици

06.11.2014 16:07 | KumanovoNews

Куманово е на второ место во земјава по потрошувачка на антибиотици, веднаш зад Пробиштип.

Куманово второ по потрошувачка на антибиотици

Испитувањата во Фондот за здравство покажале дека во Куманово годишно се издаваат околу 1400 рецепти за антибиотици на товар на нивната институција или во просек по едно и пол пакување по осигуреник. Поради зголемената  употреба на антибиотици, Министерството за здравство организира кампања за нивна рационална употреба, при што на граѓаните им се советува дека антибиотиците не треба да се користат на своја рака туку исклучиво кога се неопходни и по препорака на лекар.

Антибиотиците спаѓаат во групата на најчесто злоупотребувани лекови, значи лекови кои што неправилно и непотребно се употребуваат. Целиот концепт на оваа кампања е антибиотиците да се користат само кога тоа е навистина потребно, кога ќе се докаже присуство на одредена бактериска инфекција. Секако на одреден микроорганизам може да не делуваат сите антибиотици, а лекарот треба да определи врз база на лабараториски испитувања кога тоа ќе биде потребно. Вториот момент е почитување на препораките од страна на лекарите. Лекарот препораката која ќе ја даде, пациентот мора да ја почитува. Лекот мора да се земе во вистинско време, да не се прескокнува период и да се зема во точно дефинирани дози - вели Кристина Христова,  директор на сектор за фармација во ФЗО.

Во првата половина годинава се издадени скоро милион рецепти за антибиотици што е голема бројка споредено со европските земји.  Кампања за рационална употреба на антибиотици денеска се одржа пред куманивските лекари, а на неа учествуваа проф.др. Никола Пановски, д-р. Голубинка Бошевска и м-р. Кристина Христова.