Кумановската болница ќе вработи пет лекари
28.05.2012 12:24
| KumanovoNews
Најдоцна за еден месец пет специјалисти по општа медицина ќе бидат вработени во Општата болница Куманово.
За неколку дена ќе биде објавен оглас. Ни треба многу повеќе кадар. Ни фалат гинеколози, педијатри, кожни лекари - вели Ариф Латифи, директор на кумановската болница.
Новите вработувања се направени со согласност на Владата и Министерството за здравство. Првично се спомнуваше бројка од 200, но потоа одобрија 400 нови вработувања во здравствените установи во земјава.