Мени

Кумановската болница со нова донација од САД

03.03.2010 15:47 | KumanovoNews

Донација вредна 480.000 американски долари, пристигна во кумановската болница.Апарати неопходни  за гинекологија, хирургија, нервното одделение и друга техничка опрема и материјали ќе ги подобрат услугите на пациентите.

Кумановската болница со нова донација од САД

Добар дел од апаратите се наменети за операционата сала. Условите за работа исклучително ќе се подобрат и пациентите ќе добијат подобра здравстевна заштита - вели Ариф Латифи, директор на болницата.

Донацијата мината година ја договори градоначaланикот Зоран Дамјановски, преку организацијата „Медикал Релиф“, по посета на Детроит, САД.

Претходно оваа компанија, по иницијатива на македонско -американската асоцијација ја обезбеди првата донација во вредност од 500.000 долари.Откако нивни членови не посетија и ги видоа нашите потреби организираа нова пратка - рече градоначалникот Дамјановски.

Во обезбедувањето на донацијата големо учество имаше македонско-американското здружение.

Општината Куманово одвои 7.500 долари за транспорт и потребните контејнери за пакување на апаратите и опремата.