Мени

Кумановската полиција со пријави за 11 луѓе во акцијата „Гора“

26.08.2015 06:50 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против 11 сторители, за сторени 14 кривични дела во акцијата „Гора“.

Кумановската полиција со пријави за 11 луѓе во акцијата „Гора“

Со незаконски дејства на пријавените противправно се исечени 190м³ огревно дрво, а државата е оштетена за вкупен износ од 1.331.260 денари. Пријавените се сомничат за три кривични дела и тоа злоупотреба на службена положба и овластување, три кривични дела фалсификување или уништување деловни книги како и едно кривичното дело кражба.

На ниво на држава во истата акција се поднесени 33 кривични пријави за пустошење на шуми.