Мени

Кумановски „Биг Бен“ нетачан

20.01.2010 14:49 | KumanovoNews

„Да га намести некој сат у Куманово куде што се чекав сви кумановци“ е една од групите на Фејсбук, која деновиве се оформи за да го актуелизира прашањето со расипаниот часовник на паркингот пред Центарот на култура.

Кумановски „Биг Бен“ нетачан

Целта на оваа група наши сограѓани што го постираа прашањето на Интернет е да ги потсети надлежните служби во Општината, дека имаат обврска да го решат проблемот со градскиот часовник кој со години наназад не е во функција и не го покажува точното време.

Добар си е сат, ако се договориш да се чекаш у 20.30, никад нема да закасниш увек е 20.28. Покварен сат покажуе двапут исто време - коментираат кумановчани на Фејсбук.

Големиот часовник на ќошето на паркингот е поставен пред 6-7 години, во времето на градоначалникот Слободан Ковачевски, како донација од Скопска пивара. Кратко по поставувањето се расипал и неколку пати бил поправан, но безуспешно.

Како што кажуваат од Општината се работи за голем дефект на механизмот, кој неможе целосно да се поправи. Сепат тие ќе се обидат да најдат фирма која би го сменила механизмот на часовникот за да нема повеќе проблеми.

Кумановскиот „Биг Бен“ како што на шега го нарекуваат граѓаните, не само што нема функција да го покажува точното време, туку и ги збунува. Во моментов на едната страна од часовникот е 8.28 часот, додека на другата 10.29 часот.

И.Илиевска