Кумановски фотографи изложуваат во странство
Наградените фотографии на членовите на ФКК “Козјак“, минатата недела беа претставени во повеќе градови.
Фотографиите на кумановци можат да ги видат жителите на Бања Лука, Чачак, Дубровник, во два града во Индија и во Белгија. Се работи за слободни колор и црно бели фотографии на Дејан Ангеловски, Филип Илиевски, Ана Андоновска, Глигор Максимовски и други.
Уште сме во исчекување за наградите. Секој фотограф учествуваше со минимум четири фотографии. Јас како претседател на еден од најпродуктивните фото клубови во Македонија сум повикан да оддржам предавање за правците во балканската фотографијата во време на криза на конгрес во Солун. Проектот го прават Романци со европски средства - рече Владимир Јовановски, претседател на ФКК“Којзак“.
Тој додава дека се вложуваат напори на балканските простори да има што поквалитетни фотографи и фотографии.