Кумановски носии ќе бидат изложени во Цеље
11.09.2012 07:19
| KumanovoNews
На 45 - от Саем за занаетчиство и претприемаштво во Цеље, Словенија ќе бидат презентирани кумановски носии. Саемот ќе се оддржи на 13 септември.
Ќе има вечер посветена на македонската храна, вино и ќе се дружиме со Македонската заедница од Словенија. Словенечката Влада го организира настанот и ги покрива трошоците. Ќе биде поставен штанд и ќе има 50 ракотворци и претприемачи од земјава. Ова е меѓународен саем и предизвик е да се учествува - вели Гордана Митровска, сопственик на Етно - шоп “Беба“.
Митровска своите народни носии ќе ги престави во Приштина, а ќе гостува и во струмичко на покана на тамошните фармери.