Кумановски риболовци на светско риболовно првенство
29.08.2014 08:23
| KumanovoNews
Двајца кумановски риболовци од риболовно друштво “Пчиња“ се дел од македонската риболовна репрезентација која почнувајќи од 8 септември во Хрватска ќе се натпреварува на светско риболовно првенство.
Оваа година двајца наши риболовци се изборија за да бидат дел од репрезентација, а догодина се надеваме дека повеќе ќе влезат. Тие ќе се натпреваруваат во лов на јадица со пливка. Ќе престојуваат неколку дена во Хрватска, ќе имаат тренинзи, еден ден биде за да се запознаат со местото каде ќе се рибари - вели Бранислав Димовски, претседател на спортско риболовно друштво “Пчиња“.
На светското риболовно првенство ќе се натпреваруваат риболовци од 34 земји.