Мени

Кумановските градежници не работат на жештините

10.07.2012 13:37 | KumanovoNews

Во Куманово денеска по 11 часот не можеше да се забележат работници на градилиштата, што значи дека газдите ги почитуваат упатствата дадени од Министерството за труд и социјална политика.

Кумановските градежници не работат на жештините

Деновиве не очекуваат температури и до 41 Целзиусов степен и УВ индекс 9. Ваквите временски услови можат да го нарушат здравјето на работниците. Секој работодавец кој ќе го прекрши Законот за безбедност и здравје при работа ќе биде казнет. Првите глоби се изречени во Скопје.

Ние како ресорно министерство имаме целосно разбирање за потребите на граѓаните за изградба на патишта, булевари, раскрсници, повеќенаменски инфраструктурни објекти коишто се за нивна добробит. Но, истовремено неопходно е да се има предвид правото на работникот за безбедност и здравје при работа“, се наведувa во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Лекарите советуваат граѓаните да седат во затворени климатизирани простории, да носат лесна, светла облека и да не се прејадуваат. Храната во фрижидер треба да се чува на +8 степени, а да се загрева на 100 степени.