Мени

Кумановските извидници одмараат во Охрид

12.07.2012 12:14 | KumanovoNews

Охридско езеро и  Јадранско Море се двете дестинации каде одмараат кумановските извидници од здружението “Скаут“.

Кумановските извидници одмараат во Охрид

 Нивниот активен одмор трае од 10 до 20 дена. Додека одмараат, извидниците го оддржуваат и Центарот за извидници во Охрид.

Чистат, ја одржуваат хигиената на објектот, а нормално тука им е близу езерото. Придонесуваат на некој начин. На Јадранско Море ние немаме објект, но здружението од Скопје има и не викаат кога им треба помош. Кај нас можат да се зачленат луѓе од 7 до 77 години. По одморите , паралелно со почеток на учебната година ќе вршиме регрутација некаде до 20 септември. Чланарина не се плаќа, се е на волонтерска база. Во Македонија има Сојуз на извидници кој има 11 членки, односно одреди и ние сме една од нив - вели Слаѓан Станковиќ - Битрак, претседател на извиднички одред “Скаут“.

“Скаут“ е првак во Македонија по топографија и ориентација. Одредот брои 57 извидници.