Кумановските лекари ќе протестираат
12.09.2012 12:38
| KumanovoNews
Кумановските лекари ќе го подржат генералниот штрајк што на 24 месецов ќе се одржи на повеќето клиники Скопје.
Иако на почетокот имало двоумење, сепак поголемиот дел од лекарите ја дале подршката за предлогот да се стопира плаќањето по учинок.
Ова ќе биде едно предупредување до Министерството за здравство, иако имаше предлози и за порадикални чекори. На ниво на Македонија скоро сите лекари ќе дадат поддршка на штрајкот - велат лекарите.
За лекарската фела плаќањето по учинок е голема манипулација. Тие не се сложуваат со ставот на министерот Никола Тодоров дека на ваков начин лекарите ќе бидат мотивирани повеќе да работат.