Мени

Кумановските матуранти на протест во Скопје

01.04.2015 10:26 | KumanovoNews

Кумановските матуранти денеска заедно со скопските матурнати ќе протестираат пред Министерството за образование и наука во Скопје, незадоволни затоа што Средношколската унија се согласи математика да полагаат само гимназијалците на државна матура.

Кумановските матуранти на протест во Скопје

За ова тело рекоа дека е нелегитимно и не може да ги застапува и брани нивните ставови.

Нема да подлегнеме на никакви притисоци и манипулации. Ќе продолжиме со нашата борба за подобро образование. Бевме целосно игнорирани, и од зад грб ни донесоа одлука со која не се сложуваме. Навидум „компримисот“ подразбира само намалување на бројот на средношколци, кои би страдале од непромислениот и полн со грешки, нов концепт на државната матура - велат од Средношколскиот пленум.

Организирано со автобуси матурантите денеска заминаа на протести.