Мени

Кумановските матуранти не танцуваа квадрил

18.05.2012 14:37 | KumanovoNews

  Годинава матурантите во градот не танцуваа на глобалната матурска парада со нивните врсници од Европа. По пет години, прекината е  матурска традиција да се игра квадрил на Градскиот плоштад, поради незаинтересираноста на училиштата.

Кумановските матуранти не танцуваа квадрил

Од Секторот за култура и спорт на општина Куманово објаснуваат дека танцување на плоштадот немало, бидејќи самите училишта се откажале од идејата, сметајќи дека нема да можат да ги приберат учениците.

И мината година имаше проблеми во организацијата, па наместо на музика од заедничка радио мрежа,  матурантите играа на музика од разглас.

Традиционално матурскиот танц се оддржува во петок, во третата седмица од месец мај. И годинава на танцот напладне се приклучија матуранти од Скопје, Охрид, Струга, Ресен, Гевгелија и Струмица. Се собраа 2.500 млади кои сакаа да го урнат Гинисовиот рекорд.

Во оваа глобална матурска парада учествуваа 100 европски градови. И матурантите од сите бивши југословенски републики го одиграа танцот на зрелоста.

Меѓународната манифестација „Матурска парада“ годинава се одржува по шести пат. Македонските матуранти заедно со нивните врсници од Европа се обидоа да го подобрат Гинисовиот рекорд, кој изминатите години го поставија над 30.000 ученици.