Мени

Кумановските пчелари ќе ги посетат колегите во тетовско

16.10.2012 12:06 | KumanovoNews

 Пчелари од Куманово во сабота ќе го посетат Тетово и околните села и ќе се сретнат со тамошните пчелари за да разменат искуства.

Кумановските пчелари ќе ги посетат колегите во тетовско

Ќе одиме во селото Теарце. Оваа екскурзија е наменска, да ја видиме нивната технологија, нивните пчелници и да ни кажат колку се задоволни од годинава. Лешок е близу на 3 км ,и ќе ја искористиме можноста да го посетиме манастирот, Шар Планина и Попова Шапка. Секоја година имаме по два вакви средби од кои една е меѓународна , а другата е во внатрешноста. Едната посета е на пролет, а средбата меѓу домашните пчелари е на есен - вели Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.

Од следниот месец пчеларите ќе слушаат предавања на 20 теми од оваа област. За таа цел ќе бидат повикани предавачи од странство.