Мени

Кумановските полицајци честa мета на напади

31.03.2015 09:31 | KumanovoNews

Четворица од сто полицајци вработени во СВР Куманово, биле нападнати додека ги извршувале своите работни задачи, покажуваат полициските статистики.

Кумановските полицајци честa мета на напади

Нападнатите полицајци обично се луѓе кои имаат стаж од 10 до 20 години во Министерството за внатрешни работи. Нападите се случиле при нарушен јавен ред и мир, на спортски натпревари, при сообраќајни контроли и слично. Статистиката покажува дека 37 отсто од насилниците кои нападнале полицајци се на возраст од 26 до 35 години, а половина од нив се познати сторители на кривични дела.

Во однос на напади на полицајци слична е состојбата и во СВР Велес.