Мени

Кумановските риболовци освоија второ место

08.08.2012 13:51 | KumanovoNews

 На Купот во Маврово што се оддржа викендов, риболовците од Спортското риболовно друштво “Пчиња“ освоија второ место.

Кумановските риболовци освоија второ место

На Купот се натпреваруваа шестте најдобри риболовни друштва од земјава.

Екипно се покажавме доста добро и затоа земавме второ место. Ни беа врачени пехари и медали. Првопласирани се риболовците од Велес, од риболовно друштво “Кркушка“. Скоро секој град си има свое друштво, но на Купот учествуваат најдобрите. Се натпреварувавме во лов на риба со пливка. На 26 месецов членовите на возраст од 14 до 18 години ќе учествуваат на Куп на Тиквешко езеро. И меѓу нив има голем интерес за рибарење - вели Бране Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Најчестите локации каде рибарат кумановските риболовци се Искрин мост, селата Пчиња и Студена Бара.