Мени

Кумановските училишта безбедни

04.04.2012 14:57 | KumanovoNews

  На денешната седница, на локалниот совет за превенција беа презентирани податоците од проектот "Безбедни училишта" за учениците од средното образование, кои покажаа дека училиштата се безбедни.

Кумановските училишта безбедни

"По нашите видувања и дискусиите на директорите, учениците и луѓето кои присуствуваа на состанокот, слободно можеме да кажеме дека учениците можат да се чувствуваат безбедно.Не дека нема форми и елементи на насилство во училиштето, но тие се во помал процент застапени. Тоа не наведува во кој правец треба да дејствуваме и како да ги организираме активностите, на што да дадеме приритет во нашата работа"- вели Виолета Богдановска од СВР Куманово.

 Проектот нема утврдена временска рамка и целта е да се спроведува во рамките на редовните активности на училиштата.

"Безбедноста во училиштата се цени како релативно добра со добар степен на оддржливост и не преставуваат  закана, но не треба да се исклучи можноста за инцидентно појавување на ризици"-вели Миле Стојменовиќ, раководител на секторот за образование.