Кумановските ветерани го слават мирот
21.09.2010 09:12
| KumanovoNews
По повод Денот на светскиот мир општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, денеска ќе положат венци и свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци.
На свеченоста на Спомен костурницата ќе биде прочитана пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.
На одбележувањето на Денот на светскиот мир ќе учествуваат и претставници од Советот, локалната самоуправа, невладини организации, ученици и граѓани. Прославата е закажана во 12 часот.