Купил марихуана во Скопје сакал да ја продава во Куманово
Д.С. (24) набавил марихуана во Скопје за да ја продава на наро-пазарот во Куманово.
Пред неколку дена, кумановецот на Бит пазар од Б.Б. за 1.400 евра купил 2 килограми марихуана и ја однел во својот дом во Куманово.
По судска наредба, полицијата извршила претрес во неговата куќа при што било пронајдено околу 2 килограми марихуана, една дигитална вага и еден гриндлер за дробење на растителна материја.
СВР Куманово го спроведе Д.С. до Основно јавно обвинителство под основано сомнение дека заедно со Б.Б(29) од Скопје сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.
Д.С на полицијата и е познат бидејќи и претходно против него се поднесувани кривични пријави за недозволена трговија со дрога. На кумановецот му е одредена мерка притвор од 30 дена.