Мени

Купола ќе се постави на црквата во Карпош

23.05.2012 14:32 | KumanovoNews

 Црквата „Свети Архангел Михаил„ што се гради во населбата Карпош, до крајот на летото треба да го добие финалниот изглед.

Купола ќе се постави на црквата во Карпош

 Наредните месеци ќе се постави централната купола, а ќе започне и уредувањето на дворот околу верскиот објект.  

По повод 45 години од возобновување на Охридската архиепископија, од МПЦ планираат започнатиот храм да го изградат и да биде поставена централната купола. Темелите се поставени во 2003 година, но поради недостиг на финансиски средства градењето се одолговлече. Се очекува до крајот на летово верскиот објект да биде во понапредна фаза. Градењето е помогнато од црквата, од донации и од самопридонес на граѓаните од населбата - велат од иницијативниот одбор за изградба на црквата „Св.Архангел Михаил„.

 Црквата е во форма на крст и е со поголема површина. Се наоѓа на маркантно место на влезот на населбата Карпош, а се гледа и од градот. Од 1905 година кога е изградена црквата „Света Тројца„, ова е прва црква што се гради на територија на Куманово по толку години.   

 Поради тоа отец Жико Тодоровски, старешина на црквата во населба Карпош, апелира до верниците да донираат пари за побрза изградба и уредување на овој духовен храм.