Мени

Лекарите денеска ќе протестираат

24.09.2012 07:47 | KumanovoNews

 И покрај забраната за штрајк, лекарите паузата за доручек ќе ја искористат за протест со кој ќе покажат дека се незадоволни од состојбите во здравството, посебно од плаќањето по учинок.

Лекарите денеска ќе протестираат

Протестот ќе биде од 11.30 до 12 часот. Ќе се собереме во кругот на болницата како што многупати досега било, иако е најавен штрајк, лекарите си работат. Така е бидејќи некои пациенти не можат да чекаат. Земете пример со Брзата помош - велат кумановските лекари.

На мирен начин ќе протестираат лекарите и во другите градови во земјава.