Лекарите повторно ќе протестираат?
Бидејќи преговорите меѓу лекарската фела и министерот за здравство Никола Тодоров, досега не дадоа никако резултат, во ноември лекарите најверојатно повторно ќе протестираат.
Лекарите велат дека министерот Тодоров, купува време пред изборите и е немоќен да одговори на барањата на лекарите кои се против плаќање по учинок.
Решение засега нема и нема да има бидејќи пари нема. Имаме 270.000 пензионери и 400.000 вработени граѓани во државата. Тие луѓе треба да се плаќаат. Беше ветено дека секоја година платите на лекарите ќе се зголемуваат за 10 отсто. Првата година ни даде 10 отсто, втората ни даде пак 10 отсто, ама третата година покачувањето го одложи и почна да крати многу работи. Лани за Нова година ни вети покачување од 5 отсто и уште го нема. На сите ни е јасно дека пари нема. Ако моажт судиите да земаат плати до 70.000 денари, зошто ние да земаме 22.000 денари - додаваат нашите соговорници.
Лекарите објаснуваат дека за платите се планира воведување на корекција, но тој модел на работа сеуште не е прецизиран.