Лeкарите продолжуваат со штрајк
16.11.2012 09:14
| KumanovoNews
Трети ден лекарите од Општа болница Куманово даваат поддршка на штрајкот кој клиничкиот синдикат го организира во Скопје.
Додека лекарите продолжуваат со штрајкот, директорот тврди дека не се работи за класичен штрајк, бидејќи се примаат сите пациенти, а не само итните случаи.
Началниците знаат во кој дел од денот имаат најмногу гужва и можат да земат кога сакаат половина час пауза, а во тој половина час тие штрајкуваат и даваат поддршка на колегите од Скопје. Ние деновиве функционираме нормално - вели Латиф Арифи, директор на Општа болница Куманово.
Тој нема информација до кога ќе трае штрајкот.