Мени

Липа ќе дели садници на граѓаните

23.03.2012 09:28 | KumanovoNews

 По повод Денот на пролетта, утре на Градскиот плоштад во Куманово ќе се делат садници на граѓаните. Акцијата ја организира еколошкото друштво Липа во соработка со Општината Куманово.

Липа ќе дели садници на граѓаните

На граѓаните ќе им бидат поделени 3000 садници од видот бел бор. Сите кои имаат потреба од вакви садници нека не посетат во периодот од 10 до 12 часот- велат од Липа.

Акцијата започна уште мината недела кога на претставниците на месните заедници, училиштата и институциите во опшината им беа поделени садници за оплеменување на дворовите. Во акцијата се поделни 37.500 садници.