Мени

Липково ќе добие автобус од ЈСП

15.08.2012 09:39 | KumanovoNews

 На триесетина општини во државата ќе се поделат стари автобуси од ЈСП Скопје. Секоја од општините ќе добие по два автобуси. Општините Куманово и Старо Нагоричане не се опфатени со донацијата затоа што не аплицирале.

Липково ќе добие автобус од ЈСП

Од Општината Куманово велат дека не конкурирале, а градот како и многу други населени места во земјава има еден автобус со 35 седишта донација од Владата. Тој е добиен пред една година.

Автобуси има за општините  Липково, Сарај, Брвеница, Арачиново, Сопиште, Росоман и други кои се пријавиле преку ЗЕЛС. Ќе им се дадат на користење автобуси кои се од 1998 и 1999 година купени. Кога ќе стигнат нови автобуси од Кина, ќе има уште една распределба - велат од ЈСП Скопје.

Локалната самоуправа во Липково деновиве ќе биде известена за одлуката. Од Општина велат дека со минатогодишната донација од Владата имаат добиено еден автобус и еден минибус, и плус сами набавиле уште два автобуса со што потребите за превоз на учениците се задоволени.