Мени

Липково и Глажња преполни

16.02.2010 15:39 | KumanovoNews

Двете акумулациони езера „Липково“ и „Глажња“, од кои Куманово се снабдува со вода за пиење се прелеваат. Поради тоа од вчера се врши контролирано испуштање на водата.

Липково и Глажња преполни

Ваквата одлука ја донеле претставниците Од Републичкиот инспектор за води, „Водостопанство“ и Центарот за управување со кризи, за да не дојде до несакани последици.

Прелевање  на браната Глажња е на 6 сантиметри над преливната квота, додека браната во Липково се прелева на 10 сантиметри над квотата  - вели Филип Јакимовски од РЦУК - Куманово.

Водата  се пушта преку турбинскиот цевковод на 2 километри под општина Липково,каде што постои критична точка.

Во кумановскиот регион не постои можност за поплави од излевање на реките,бидејќи коритата и каналите се исчистени и продлбочени.