Мени

Литургија за Свети Илија во црквата „Свети Никола“

03.08.2015 11:38 | KumanovoNews

Во црквата „Свети Никола“ вчера се одржа света златоустова литургија во чест на светиот пророк Илија, кој се слави  на 2 август.

Литургија за Свети Илија во црквата „Свети Никола“

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф, а присутните верници се причестија.

Пророк живеал во IX век п.н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Свети Илија се слави во кумановските села Орашац, Агино Село, село Никуљане во општина Старо Нагоричане и други места.