Љубодраг ќе добие пензионерски клуб
13.11.2012 13:33
| KumanovoNews
Наскоро во месната заедница во с.Љубодраг ќе се отвори пензионерски клуб.
- Огранокот од трите села Љубодраг, Ново Село и Умин Дол има 200 пензионери. На сред село веднаш до селската продавница имаме просторија каде ќе се собираме, ќе се дружиме, ќе оддржуваме состаноци. Ќе играат пензионерите шах, домино, табла, со цел да оформиме една екипа која ќе ја праќаме на натпревари. Сакаме да покажеме дека луѓе има во селото, дека ние работиме. Од Умин Дол сме далеку 5 км и не можеме секогаш таму да одиме на состаноци - вели Ранко Апостоловски, претседател на пензионерски огранок од с. Умин Дол.
Тој вели дека и во село Умин Дол има потреба од отварање на Клуб за пензионери.