Локални тимови ќе третираат ризични групи
Локални мобилни тимови ќе работат на идентификација на потенцијални жртви на трговија со луѓе.
Во овој пилот проект се вклучени три Центри за социјални работи меѓу кои и кумановскиот. Формирани се два тима со двајца социјални работници, Елизабета Анѓеловска и Даниела Младеновска. Од хуманитарното здружение “Мајка“ учествува Ивана Илиевска, а од локалната самоуправа Цоки Ристовски, од секторот за култура, спорт и социјална заштита.
Една од активностите ни е да прикажеме краткометражен филм “Ти си жива“ со кој младите ќе сфатат дека можат да се најдат во ризик. Некои деца го погледнаа и дадоа идеја дека овој филм треба и другите да го видат. Истиот филм ќе се прикаже во средните, а можеби и во некои од основните училишта - рече Елизабета Анѓеловска, социјален работник.
На жртвите на трговија со луѓе треба да им се даде поддршка и да им се обезбедат услуги со сите расположливи ресурси. Проектот го реализира Министерството за труд и социјална политика во соработка со германското здружение “ГИЗ“ и здружението “Еднаков пристап“ од Скопје.