Мени

Локалниот младински совет избра Управен одбор

14.11.2012 15:20 | KumanovoNews

Избран е претседател и уште шест члена кои ќе работат за интересите на младите и истите ќе ги застапуваат пред локалната власт.

Локалниот младински совет избра Управен одбор

 Матеј Маневски од Центар за меѓукултурен дијалог е избран за претседател, а други членови на одборот се Гоце Дамњановски од Црвен Крст, Берат Лимани од Исламски младински форум Куманово, Александра Давидовска од Стритс Фестивал, Владимир Петрушевски од СДММ, Злата Бојаџиева од УМС на ВМРО - ДПМНЕ и Филип Јаневиќ од младите од ЛДП.

Викендов ќе се оддржи обука за градење на младински политики, апотоа ќе биде изработен и Акционен план за 2013 година. Во најкус можен рок тие ќе инсистираат да воспостават соработка со општината.