Локалните патишта проодни, планинските завеани
10.02.2012 14:37
| KumanovoNews
Во Oпштината Куманово непрооден е само локалниот патен правец од селото Кучкарево до селото Габреш, додека на останатите патни правци нема поголеми задржувања на снег.
Според информацијата на Центарот за управување со кризи, во Општина Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон планинските села: Малотино, Мгленце, Буковљане, Цветишница, Дејловце, Длабочица, Аљинце, Жељувино, Осиче, Дренак и Брешко.
Во општина Липково неможат да се користат за сообраќај патиштата кон селата: Руница, Алашевце и Стрима, Лукаре и Пресница.