Ловците ги заобиколуваат липковските ловишта
Поради големите пожари во текот на летото, липковските ловишта се с`е помалку интересни за ловџиите.
Од вкупно четири ловишта во липковскиот крај, две претрпеле големи штети на шумскиот фонд и дивечот,поради што ловците се почесто ги заобиколуваат.
За половина е намален бројот на ловци кои одат во липковско. Лани имавме 130 регистрирани членови, а сега имаме 61 ловец. Одредени видови како зајак, дива свиња се доста намалени, поради пожарот и ловците немаат предизвик да одат во тие места. Во овој период повеќе се лови во Општината Старо Нагоричане, Ранковце, кратовско и криво паланечко - вели Мифлори Пајазити, секретар во Ловечко друштво “Фауна“.
За да се подобри состојбата потребно е да поминат години. Најпогодени се ловиштата близу селата Стрима и Слупчане.