Мени

Мал број ученици во „Професор Мијалковиќ“

03.02.2015 13:31 | KumanovoNews

Поради штрајкот во образованието мал број на ученици престојуваат во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“.

Мал број ученици во „Професор Мијалковиќ“

И покрај тоа што настава не се изведува во училиштата, вратите на „Професор Мијалковиќ“ се отворени за учениците и установата нормално функционира.

Имаме десет до петнаесет деца претежно матуранти, кои доаѓаат заради екстерно тестирање, бидејќи знаеме дека настава не се одржува. Тука се и некои деца од планинските села. Учениците од другите години се дома. Ние нормално работиме со дежурства, воспитувачи, кујна, но деца нема не по наша вина - вели Есад Шаботиќ, директор на „Професор Мијалковиќ“.

Во интернатот оваа учебна година се сместени 70 деца.