Мени

Малку пријави на линијата 15 505

09.06.2012 10:59 | KumanovoNews

  За три месеци само 15 лица се јавиле на телефонската линија 15 505 за пријавување на лица со ризик, бездомници, изнемоштени луѓе и деца на улица. Линијата е одворена од март, а досега имало во просек по 5 јавувања месечно.

Малку пријави на линијата 15 505

Граѓаните се јавуваат за несоодветни работи. Не им се јасни одредени постапки, па ние ги упатуваме каде да се обратат. Првиот ден кога беше пуштена линијата имаше осум јавувања истиот ден. Еднаш се јавија да пријават мајка со дете која била на улица кај џамијата, но кога отидоа социјалните работници таму, неа ја немало. Треба да се утврди состојбата. Досега не се преземени посериозни мерки и врз основа на повиците немаме згрижено лице - вели Елизабета Ангеловска, социјален работник.

Отворената линија на Министерството за труд и социјална политика 15 505 е во Скопје, но за сите случаи поврзани со Куманово оттаму испаќаат допис. Осум вработени од Центарот за социјални работи излегуваат на терен.

Линијата 15 505 граѓаните претежно ја користат за да добијат информации, а многу поретко пријавуваат бездомници или други лица во ризик.