Манастирот во Скачковце ќе го краси споменик на Климент Охридски
Во манастирот „Света Троица“ во селото Скачковце, кој денеска го чествува патронатот ќе биде поставен импозантен споменик на свети Kлимент Охридски.
Петметарскиот споменик тежок повеќе од три тона е дело на познатата струмичка вајарка Наташа Божарова, а е направен од месинг и бронза.
Тоа ми беше сон кој од се срце сакав да ми се исполни. За да се направи споменикот, продадов дел од имотот што го имав. Не ми е жал оти сега сум среќен што толку убав споменик на нашиот учител ќе го краси влезот во манастирот - изјавил отец Пајковски.
Прославата започнува во 17 часот.
Манстирот во Скачковце станува своевидно детско црковно светилиште.
Десетина илјади деца, во просек, секоја година го посетуваат овој црковен храм за да ги видат неговите убавини и да се потсетат на македонските духовни и црковни традиции. Ученици од основни училишта во земјата, главно оние од најмлади паралелки се запознаат со духовното и културното наследство на нашата земја.