Мени

Марија Илиевска најдобар млад библиотекар

17.10.2012 11:08 | KumanovoNews

На општинскиот натпревар за млади библиотекари кој се оддржа вчера во библиотеката “Тане Георгиевски“ победи Марија Илиевска од ОУ“Магдалена Антова“.

Марија Илиевска најдобар млад библиотекар

Во конкуренција од 25 ученици од основните училишта во градот, второ место освои Наталија Ристовска од ОУ“Толи Зордумис“. Третонаградена е Теа Стоилковска од ОУ“Браќа Миладиновци“.

Марија Илиевска во петок ќе учествува на републичкиот натпревар за млади библиотекари во Скопје. На тројцата најдобри им се доделуваат дипломи и книги, а останатите учесници ќе добијат благодарници.

Учениците писмено решаваат тестови, а се подготвуваат со помош на книгата “Млади библиотекари“.

Ова е десетти по ред натпревар за млади библиотекари. На ниво на Македонија досега неколкупати најдобриот млад библиотекар бил од Куманово.