Марш за родова рамноправност во Куманово
07.03.2015 13:23
| KumanovoNews
Здружението “Јустиција“ утре во 12 часот на Градскиот плоштад, ќе организира марш за родова рамноправност и оддавање почит на лицата кои дале свој придонес за унапредување на правата на жените.
Ги повикуваме сите организации на жените, како и други невладини организации и граѓани на општина Куманово, претставници на политички партии од Куманово и пошироко, да излеземе и со мирен марш, да оддадеме почит кон жените кои го дале својот придонес, за сите направени чекори кон родовата рамноправност - велат од „Јустиција“.
На маршот се очекува да се појават не само жени, туку и мажи.